Жељко Јоксимовиќ сепак нема да настапи на годинешното јубилејно 60 издание на Охридско лето. Ова го изјавила пијанистката и професорка Даница Стојанова, која е селекторка на музичката програма на фестивалот.
Завчера на социјалните мрежи излезе документ со програмата на Фестивалот, по што следеа многу реакции за Јоксимовиќ. Во изминативе години, на Охридско лето настапувале светски ѕвезди од рангот на Хозе Карерас, Енио Мориконе, Џеси Норман, Вадим Репин, Џулијан Рахлин, Стефан Миленковиќ, шпанската атракција „Ла фура дел баус“, а директорката Наташа Поповиќ вчера за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека Јоксимовиќ ќе пее на 7 август во Антички театар.
„Јас, како селектор на овогодишната музичка програма на фестивалот Охридско лето, изјавувам дека концерт на Жељко Јоксимовиќ нема да има. Директорката Наташа Поповиќ најверојатно ја има разгледувано можноста за пошироката публика која со години наназад доаѓа да ги проследи концертите на уметници кои не се од класичната сцена и се во офф-програма и тука е дојдено до недоразбирање со сите социјални мрежи кои ни помогнаа на еден начин да се спомене и прозбори за фестивалот Охридско лето“, изјавила професорката Стојанова.
Стојанова е селекторка која е назначена пред еден месец, а претходно селектор беше професорот и директор на Националната опера и балет (НОБ) Васо Ристов. Селектор на драмската програма е театарскиот режисер Александар Поповски.
Целиот текст прочитајте го на СДК.мк