Шантел Џефриз на самиот почеток од годината ги израдува фановите со серија фотографии од плажа од Мајами.
„Случајното“ фотографирање открило каков моден тренд сака оваа позната бринета, па дали и вие би носеле такво бикини во претстојното лето?
Бикинито во повеќе нијанси на зелена и сина боја е многу ефектно, особено во комбинација со вакви очила за сонце. Шантел докажува дека нема да се откаже од провокациите, но мора да се признае дека сега тоа изгледа некако „посредено“.
Познатиот модел, диџеј и продуцент – Шантел која ја споредуваат со Ким Кардашијан, ги открила и своите дискретни тетоважи на телото, а многумина во последно време се обидуваат да дознаат кој сега го освоил нејзиното срце.
Контроверзната бринета од 2020 до 2021 година била во врска со пејачот Ендру Тагет којшто сега е наводното ново момче на Селена Гомез.
Пред три години се пишуваше и за нејзината романса со диџејот Дипло, а во 2019 година за врската со Машин Ган Кели којшто сега е со актерката Меган Фокс.
За Шантел се зборува и дека ги бира партнерите по нивниот статус и влијание на јавната сцена, за истите да ја направат попозната.
„Премногу се сакам себеси за да не живеам најдобар живот“, напишала таа на Твитер.