Американските кошаркарски ѕвезди Кевин Дурент и Девин Букер, по олимпиското злато во Париз заминаа на заслужен одмор.
Двете големи ѕвезди моментално уживаат на крстарење по Медитеранот на луксузна јахта во друштво на пријатели и познаници. Папараците ги уловија богатите кошаркари кога се укотвија во близина на монденското француско одморалиште Сен Тропе.
Покрај со пријатели, Дурент и Букер беа опкружени и со неколку убавици, а особено внимание папараците посветија на две непознати русокоси.
Иако нивниот идентитет не е познат, овие две „жешки“ девојки го привлекоа вниманието на себе со провокативните микро бикини кои едвај ги покриваа најинтимните места.