Теса Томпсон, Таика Ваити и неговата девојка Рита Ора беа фотографирани како разменуваат нежности викендов во Сиднеј.
Тројката беше забележана на балконот на домот на Таика Ваитити во Сиднеј, каде претходно тој бил домаќин на забавата. Ора, Томпсон и Ваитити биле забележани како пијат, се смеат и се забавуваат на балконот, а во еден момент папараците ги уловиле и жешките бакнежи.
Пејачката беше забележана како разменува бакнежи со нејзиното 14 години повозрасно момче, а дополнително на фотографиите е забележителна и блискоста што постои помеѓу неа и актерката.
Засега нема официјална потврда дека Рита Ора и Таики Ваитити се заедно, но двојката што во моментов е во Австралија засега не ги негирала приказните и објавите што се појавуваат во таблоидите.
Инаку, гРИласините за можната романтична врска помеѓу 30-годишната Ора и 45-годишниот Ваитити се од неодамна кога Ора објави повеќе фотографии, меѓу кои и фотографија од нив двајца на Инстаграм.