Зад нас е филмскиот фестивал во Кан, една од најпрестижните манифестации во годината, а тоа значи само едно – ова гратче го преплавија бројни славни личности кои со денови уживаа во гламурозните ноќи, сончањето и релаксирањето.
Така на една од хотелските плажи во Кан била „уловена“ и манекенката Изабел Фонтана која чекорела во минијатурно, бордо бикини кое повеќе откривало отколку што покривало.
Изабел, која во јули ќе го прослави својот 39-ти роденден, го покажала виткото тело, како и природните гради, кои иако не се големи, во ова бикини делуваат навистина сензуално.
Но, погледите најмногу ги привлекло минијатурното бикини кое оваа дама со кратка коса го носела.
Имено, долниот дел од бикинито на убавата Бразилка, одвај ѝ ги покрило најинтимните делови, а сè друго било прилично изложено за погледите од јавноста.
Но, госпоѓата Фонтана и овој ризичен модел на бикини го носела навистина храбро и со самодоверба, а фотографиите погледнете ги во продолжение.