На социјалните мрежи се прошири снимка од тепачка помеѓу поранешната белгиска мисица Тања Декстерс (44) и нејзиното момче Мајкл Петерс со друг пар.
Жестоко се судрија на 27 јули во ексклузивното шпанско летувалиште Пуерто Банус. Момчето на убавицата која ја освои титулата Мис Белгија во 1998 година се степа со друг маж, па дури и девојките во фустани немаа милост една кон друга.
Се започна кога еден човек во бела кошула се обиде да го паркира својот автомобил, но Тања, нејзиното момче и група пријатели не му дозволија да го стори тоа. Возачот се обидел да помине покрај нив и наводно преминал преку нечии прсти, предизвикувајќи расправија.
.Адвокатот на Тања, Омар Суиди, за медиумите изјавил дека расправијата прераснала во физичка тепачка кога возачот и неговата девојка излегле од автомобилот, и дека никој не бил сериозно повреден во тепачката.
Инаку, на поранешната белгиска мисица неодамна и е одземена возачката дозвола на шест месеци поради возење во пијана состојба, а и се заканува долгорочна затворска казна под сомнение за трговија и поседување кокаин, канабис и вијагра. Пет други лица биле вклучени во случајот, вклучувајќи го и нејзиното момче Петерс.
Tanja Dexters, exmiss Bélgica 1998 y su novio Michaël Peeters peleándose en Puerto Banús. Tienen un juicio pendiente en Bélgica por tráfico de cocaína y marihuana. pic.twitter.com/1sR896MXP9
— NIPORWIFI © (@niporwifi) July 29, 2021