Овие мажи секогаш можат да ги насмеат девојките, но што тие имаат што е толку неодоливо?
Дознајте и проверете дали сте и вие меѓу нив:
Забавни се
Излегувањата со духовитите мажи никогаш не се здодевни. Нивната спонтаност е заразна, а умеат да ги држат девојките насмеани цела ноќ.
Креативни се
Прашајте било кој писател, кој жанр е најтежок за пишување и веројатно ќе ви одговори дека тоа е комедијата. Една работа е да кажувате вицови, а сосема друго е да смислите одговор после кој сите ќе се „виткаат” од смеење. Духовитите мажи, често имаат широко општо знаење и не се плашат да го употребат.
Друштвени се
Ќе ги препознаете по тоа што на сите прослави и забави се во центарот на случувањата. Тие можат секоја незгодна ситуација да ја олеснат со хумористична досетка.
Со нив девојките се чувствуваат сигурно
Покрај овие момци девојките секогаш се опуштени и немаат потреба да глумат нешто што не се. Нивното однесување ќе ве научи како да се смеете на апсурдноста во животот, но и ќе ви докажат дека понекогаш е во ред да направите будала од себе, бидејќи никој не е совршен.
Веднаш се спријателуваат со пријателите на девојката
Опуштените момци за миг ќе ги импресионираат сите луѓе во своето опкружување. Заради својата духовитост, овие луѓе автоматски сето внимание го привлекуваат кон себе.
Имаат самодоверба
Само духовит маж може да се шегува на своја сметка, со цел на другите да им биде забавно. Тој можеби не делува самоуверен, но бидете сигурни дека се чувствува одлично во сопствената кожа.