Принцот Вилијам, поранешен армиски офицер, го посети „Солсбери Плејн“ во јужна Англија и имаше тренинг сесија со велшката гарда. За таа прилика, Вилијам облече воена униформа.
Војниците му го покажале оружјето. За време на обуката тој управувал со дрон и пукал од снајпер и автомат. Инаку, Вилијам е полковник и таа функција ја извршува од 2022 година.
Оваа посета на принцот Вилијам беше фатена од фотографите.
Фотографиите го привлекоа вниманието на обожавателите на кралското семејство, кои коментираат дека Вилијам изгледа одлично во војничка униформа и со нов имиџ, брада и мустаќи.