Фронтменот на групата „Манескин“, кој се здоби со светска популарност со победата на Евровизија минатата година, повторно ги помести границите на машкиот стил.
Имено, Дамијано Давид моментално е во Њујорк со останатите членови на популарната група каде што се подготвува за доделувањето на видео музичките награди на MTV кои ќе се организираат во новиот центар на светскиот шоу бизнис, Њу Џерси.
Пејачот на пробата во Њујорк се појави во ретро-шик црн комплет, кој што го зачини со машки чизми на потпетици во принт од змиска кожа.
Сличен модел на чевли беше многу популарен меѓу мажите пред неколку децении, а атрактивниот пејач ги враќа старите трендови кои на него изгледаат „никогаш помодерно“.