Британката Шамима Бегум (22), која ѝ се приклучила на Исламската држава на само 15 години, е загрижена за својот живот откако други жени се обиделе да и го запалат шаторот во камп во северна Сирија.
Шами со месеци е мета на жените во кампот, бидејќи се откажала од ИСИС, а во своите пораки со помош на адвокат молела за помош за да може да го напушти кампот.
Други жени мажени за борци на Исламската држава сакаат да ја убијат Шамима, а особено им пречи нејзиниот начин на облекување и шминка.
Јаго Редик (29), сопругот на Шами, во интервју изјавил дека двајцата живееле среќен живот под покровителство на оваа терористичка група.
Таа исто така рече дека терористичкиот напад што го извршила оваа група на Запад не е во согласност со исламот, бидејќи се убиени многу невини луѓе, за што се верува дека е строго забрането.
Меѓутоа, нејзиниот сопруг се насмевнува кога зборува за Шами, а неговите омилени спомени се заедничкото правењето колачи, пренесува Дејли Мејл.
Шами моментално се наоѓа во бегалскиот камп Крудишрун и прави се што може за да го врати британското државјанство и да се врати во земјата.
Јаго во тоа време се наоѓа во притвор во истиот регион. Тој бил осуден за тероризам во отсуство во Холандија, а доколку некогаш се врати во Европа, му се заканува казна затвор од шест години.