Полицијата во Њујорк уапсила жена која утрово упаднала во домот на актерот Роберт де Ниро, пишува CNN.
Жената немала никаков контакт со актерот, кој бил на вториот кат од неговиот дом. Осомничената ѝ е позната на Њујоршката полиција и претходно била уапсена, а е една од петте најчесто апсени жени-провалници во областа. „Таа веќе два пати беше уапсена овој месец под различни обвиненија за кражба во Њујорк“, изјави полициски функционер за Си-Ен-Ен.
Њујоршките полицајци виделе жена како оди на Апер Ист Сајд на Менхетен и се обидува да ги отвори вратите на различни деловни згради, а потоа наводно ја забележале како влегува и во станбените згради. Ја следеле и ја привеле на првиот кат од зградата.
„Околу 2:45 часот, полицајците уапсија 30-годишна жена во резиденција додека се обидувала да украде имот“, изјавил за Си-Ен-Ен портпаролот на заменик-комесарот за јавни информации на Њујоршката полиција. Имотот вклучувал новогодишни подароци и iPad.
„Вратата од подрумот на резиденцијата покажуваше знаци на насилен влез“, рече портпаролот. Жената е приведена со кривична пријава. Портпаролот не потврдил кој е сопственик на куќата.