Младата Брајана Раулингс е вистинска жена херој. Таа направи херојски подвиг прекинувајќи ја терапијата за леукемија само за да роди бебе. Но, за жал по само 12 дена бебето почина, а битката за живот ја изгуби и храбрата мајка која почина на 19 години бидејќи се откажа од терапијата за тешката болест за детето се роди здраво.
Брајана неодамна на Фејсбук објави фотографија од неродениот син Кајден, кое го родила со итен царски рез. Девојката од Сиднеј била во 17 недела од бременоста, кога и била дијагностицирана тешка форма на леукемија. Докторите и рекле дека може да избира, или прекин на бременоста или да се лекува. Младата Брајана се решила да го роди бебето со што ги преполовиле шансите за да преживее. Сепак, поради силни болки и компликации, морала да го роди синчето три месеци порано . По породувањето нејзиното здравје малку се поправило, за потоа нагло да се влоши, и да почине по само два дена од 19. роденден.