Една жена почина, а друга е повредена во пукотници кои утринава се случиле во Сараево, во населбата Неџариќи, јавуваат босанските медиуми.
Според првичните полициски информации, две жени биле ранети во пукотниците од кои едната починала, а другата со повреди е пренесена во болница.
Босанската полиција врши увид на местото и работи на расчистување на случајот.