Дона Марино од Конектикат во САД е обвинета дека украла преку 600 000 долари од сметката на својот сопруг во последните 20 години и се обидела делото да го прикрие убедувајќи го дека има Алцхајмерова болест.
Марино е уапсена минатата недела заради кражба на пари, а се било откриено кога ќерката на нејзиниот сопруг извадила извештаи од кредитните картички. Таа ја известила полицијата, убедена дека маќеата ги контролира семејните финансии.
Тогаш татко и признал дека и препуштил на Дона да води сметка за финансиите, затоа што го убедила дека има Алцхајмерова болес
„Дона му рекла дека, откако минатиот пат влегол во банка да направи трансакција и направил сцена заради Алцхајмеровата болест, би било подобро повеќе да не оди во банка, за да одбегне да се срамоти“, рекле од полицијата.
Истрагата открила дека Дона Марина (63) парите од сметката на својот сопруг ги насочувала на онаа на својата мајка, а во полицијата рекла дека парите ги користела за да „му помогне на своето семејство“. Обвинета е за кражба и фалсификување, а сопругот се развел од неа кога открил дека му работела зад грб.
Измамениот сопруг освен без жена, останал и без пари, а среќа во целата ситуација е што е здрав и нема Алцхајмер.