Топлес жена истрча на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во знак на протест поради силувањата за кои ги обвинува руските војници во инвазијата на Украина, со порака напишана на нејзиното тело, објави Би-Би-Си.
На црвениот тепих демонстранката го соблече горниот дел од облеката и ја покажа пораката „Престанете да не силувате“ испишана на телото со боите на украинското знаме.
Нејзините бедра беа ишарани со црвена боја, што симболизира крв.
Украинските власти соопштија дека истражуваат случаи на силувања извршени од руски војници за време на окупацијата на делови од земјата.
Во вторникот вечерта свеченото отворање на 75. Кански филмски фестивал беше одбележано со видео порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот решија да ги ускратат акредитациите на сите руски филмаџии, но и на новинарите кои на кој било начин се поврзани со руската влада.
Од друга страна, противникот на војната во Украина, рускиот режисер Кирил Серебреников, познат по храбрите филмови и поддршката за ЛГБТ + луѓето, официјално го отвори фестивалот со филмот „Жената на Чајковски“ во конкуренција за „Златната палма“ и рече „Не на војната!“
A protester with the Ukrainian flag painted on her body has stormed the Cannes Film Festival red carpet. She ripped off her gown revealing the words "STOP RAPING US" on her stomach.
Read the latest on the Ukraine crisis here https://t.co/50OKnPS3F1#Ukraine #Cannes #Protest pic.twitter.com/UOxiZ9ESHT
— SBS News (@SBSNews) May 21, 2022