Жена се породила сама во автомобил на патот кон болница

by Тони Зографски

Катарина Оцокољиќ од Ивањица се породила на предното седиште на автомобилот со кој управувал нејзиниот сопруг на патот кон болница и родила здраво машко дете. Како што изјавил нејзиниот сопруг Дејан, породилните болки започнале во два по полноќ, и еден час подоцна тргнале кон болницата во Чачак по лизгав пат.

“ Во еден момент сопругата рече дека не може повеќе да издржи. Единствено што се сеќавам е дека застанав со автомобилот и го видов бебето во рацете на сопругата завиткано во нејзината јакна“.

Набрзо стигнале во болницата во Чачак каде им е пружена медицинска нега и како што вели таткото, мајката и детето се добри.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com