Драматична снимка е снимена на бензинска пумпа во Бристол (Конектикат) во неделата на 4 февруари.
Го гледаме моментот кога жената излегла од Dodge Charger, а потоа се појавува бел автомобил со криминалците. Настана хаос.
Сопственичката сфатила што се случува и се обидела да ја спречи кражбата, но се сопнала и паднала. Се чинело дека крадците се откажале од намерата, но еден од нив сепак влетал во кабината.
Жената успеала да се фати за прозорецот, а криминалецот при бегството згазнал на гас и ја влечел по асфалтот.
Од полицијата велат дека сопственичката се здобила со неколку гребаници на рацете, па била пренесена во болница, пренесува Yahoo News.
Властите го бараат Dodge Charger со локални регистарски таблички и бараат од јавноста да излезе со какви било информации.
https://twitter.com/i/status/1754753800806502706