Актерот Чарли Шин, чија сосетка (47) насилно влегла во неговата куќа, се уверил дека е битно кој живее до него. Таа тропнала на вратата, а потоа го нападнала кога ја отворил.
Сосетката ја искинала кошулата што ја носел и се обидела да го удави, по што таа се вратила во куќата. Актерот се јавил на 911, но за среќа не е тешко повреден, па не бил пренесен во болница, пренесува TMZ.
Иако популарниот актер тврди дека не знае што го предизвикало инцидентот, ова не е првпат да се случува вакво нешто. Само ден претходно жената (47) фрлила ѓубре пред неговата куќа. Исто така, актерот верува дека истата жена неодамна му го испрскала автомобилот со леплива течност. Тогаш актерот разговарал со проблематичната жена, а разговорот, како што пренесуваат медиумите, завршил мирно, со ветување дека повеќе нема да има конфликти. Со други зборови, актерот не ѝ замерил на проблематичната жена, па инцидентот со автомобилот го простил.
Сосетката на крајот била уапсена во нејзиниот дом и обвинета за напад со смртоносно оружје и кражба затоа што насилно влегла во домот и го нападнала актерот.