Пливачката Ева Бузо минатата недела го преплива Ла Манш, но во неколку наврати сакала да се откаже поради тешките услови, додека не ѝ се придружил неочекуван гостин.
Бузо во објава на Инстаграм откри дека навечер и било толку ладно што мислела дека нема да успее во својот потфат. Но, во еден момент ѝ се придружила фока која ја потсетила на Гертруда Едерле, првата жена што го препливала каналот Ла Манш.
„Беше многу тешко да се плива, а водата беше толку студена. Температурата на водата беше 13 степени, а температурата на воздухот 10 степени. Мислев дека ќе можам да се загреам и да продолжам до целта ако издржам до изгрејсонце. Но, еден час пред изгрејсонце, имав чувство дека нема да успеам додека не се појави Труди!“, напишала Бузо.
„Таа пливаше и си играше со мене, пливаше под мене и гледаше нагоре, ми ги допираше прстите со својата муцка. Одлично се забавуваше и ме одвлекуваше од сѐ друго. Си помислив: „Леле, ова мора биде Труди Едерл, првата жена што го преплива Ла Манш во 1926 година. Таа дојде да ми помогне да издржам до изгрејсонце. Пливаше со мене додека не се појави сонцето на хоризонтот, а потоа продолжи, никогаш нема да го заборавам тој магичен момент“, додаде таа.
Објавата стана вирална на Инстаграм, каде што ја погледнаа повеќе од 2,7 милиони луѓе.
“Прво, честитки! Второ, зарем природата не е прекрасна?”, напишал еден корисник во коментарите.
„Фоките се лабрадори на морето“, додаде друг корисник.
„Таа дојде да ви помогне. Тоа е големо достигнување и прекрасно искуство“, додаде трет.