Во полниот автобус кој се обраќал на релација од Суботица за Белград некаде после Нови Сад една средовечна жена одлучила да се измоча во него.
Како што раскажуваат патниците за Курир.рс, таа отишла до скалите на задната врата и се измочала, за потоа опуштено да се врати на свое место како ништо да не било.
„Во Нови Сад автобусот стоеше 15 минути, но изгледа не сакала да оди во тоалет и да плати 50 динари. Но автобусот кога тргна, не помина многу кога стана и отиде кај задните скали. Возачот го пригуши светлото во автобусот, бидејќи беше ноќ, а таа го искористи тоа и изврши нужда“, раскажува Зорица М. за Курир.рс која се наоѓала во автобусот.
Истата жена подоцна побарала од возачот да го запре автобусот за да отиде во тоалет.
Кога стигнал автобусот во Белград таа без срам си излегла од него како ништо да не се случило.