Вистинската драма се случила пред ковид амбулантата во градот Сабадел, Шпанија.
Според изјавите на полицијата, сè се случило во средата попладне, кога полицијата добила повик од работниците во здравствениот дом. Жена која имала закажано тест за COVID-19 сакала да влезе со нејзината мајка, но протоколот на здравствената установа не го дозволувал тоа.
Бидејќи мајката не можела да влезе со неа, станала нервозна, објасни полицијата, додавајќи дека дури го нападнала и медицинскиот персонал. Откако предупредувањата од вработените биле неуспешни, полициските службеници тврдат дека се обиделе да ја совладаат жената.
Според нивниот извештај, двајца полицајци биле полесно повредени од ударите што им ги нанела. Тие тврдат дека по неколку предупредувања, решиле да користат шокер. Итниот медицински персонал потоа ја префрлил жената во болница.
Паула негираше дека го нападнала медицинскиот персонал и признава дека удрила еден од полицајците, но само откако тој го употребил шокерот.
-Јас сум висока помалку од 160 сантиметри, лесно можете да ме совладате, нема потреба од ова – рече Пола, која изјави дека полициските службеници, откако ја фрлиле на земја, продолжиле да го користат шокерот. Жената рече дека ќе го пријави полицаецот кој употребил шокер.
https://twitter.com/i/status/1332009109760184320