Напаѓачот наводно рекол „Судака! Ни ја земаат храната!“, и ја нападнал жртвата со нож. Инаку, Судака значи погрден и расистички збор за луѓето кои доаѓаат од Јужна Америка. Овој непријатен настан се случил во Шпанија.
На видеата споделени на социјалните мрежи може да се забележи жртвата со голема рана на левата страна од грбот.
Во видеото од 38 секунди, се чини дека жртвата ја фатила напаѓачката за коса додека припадниците на Националната полиција се обидувале да ги разделат.
Очевидците викаат „полека, полека“, бидејќи ја предупредуваат полицијата за раната на грбот на жртвата.
Според извештаите, националната полиција ја уапси напаѓачката опишана како „проблематична и позната на властите“.
Според невладината организација „Karitas“ во Картагена, жртвата отишла со нејзината мајка во банка за храна каде била регистриран корисник на услугата, и покрај тоа што нејзиниот напаѓач рекол поинаку.
Пријавено е дека ножот стигнал до нејзиниот бубрег, но таа не е во критична состојба, пренесува „El Pais“.