ЖЕНА ПОЧИНА ТРИ ДЕНА ПО ВАКЦИНИРАЊЕТО: Хрватска спроведува истрага кај “АстраЗенека“

by Тони Зографски

Во Хрватска е пријавен случај на фатална белодробна емболија, кој е временски поврзан со употребата на вакцината против коронавирус на „АстраЗенека“ , беше објавено денес во Загреб.

Хрватската агенција за лекови (ХАЛМЕД) објави дека од моментално достапната медицинска документација на почината 91-годишна жена, не е можно да се процени причинско-последичната врска со вакцинацијата, а била побарана и дополнителна документација, пренесе „ХРТ“.

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека разговарал со министерот за здравство Вили Берош за случајот на 91-годишна жена која починала на третиот ден по вакцинирањето.

„Тој е во контакт со директорот на ХАЛМЕД и информациите што ги имаат се такви што тие не гледаат никаква причинско-последична врска помеѓу таа смрт и примањето на вакцината. Тие сè уште испитуваат сè“, рече Пленковиќ и најави дека ќе се консултира со Европската агенција за лекови.

Премиерот оцени дека одлуката да се запре вакцинацијата со вакцината „АстраЗенека“ мора да ја донесе професијата и дека не смее да станува збор за волонтеризам.

Тој исто така ги отфрли шпекулациите во медиумите дека граѓаните одбиваат да се вакцинираат со „АстраЗенека“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com