Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите, одлучи судот во Саудиска Арабија.
Ал Шебаб, мајка на две мали деца која студирала на британскиот универзитет во Лидс, била уапсена и осудена по враќањето од Велика Британија. Таа пристигна во својата земја на одмор, пренесува Гардијан.
Таа првично беше осудена на три години затвор за користење на Твитер за „поттикнување јавни немири и дестабилизирање на граѓанската и националната безбедност“. Откако јавниот обвинител побара од судот да разгледа и други наводни кривични дела, судот во петокот изрече нова казна од 34 години затвор по што следуваше 34-годишна забрана за напуштање на државата.
Шехаб објавила неколку „твитови“, поврзани со исцрпеноста од ковид пандемијата, слики од нејзините мали деца, а таа неколку пати „ретвитнала“ објави на саудиските дисиденти кои живеат во егзил, кои повикуваат на ослободување на политичките затвореници во кралството.
Во обвинението се наведува дека Шебаб им помагал на оние кои сакале да предизвикаат јавни немири и да ја дестабилизираат националната безбедност.
Таа на нејзиниот Твитер профил има 2.597 следбеници.
Инаку, како што пишува угледен британски весник, овој случај претставува најнов пример за кампања против сите корисници на Твитер што ја започна Мохамед бин Салман, саудискиот престолонаследник, кој поседува повеќе од пет отсто од акциите на популарната социјална платформа преку Саудискиот фонд за јавни инвестиции.
Европско-саудиската организација за човекови права ја осуди казната на Шехаб, за која рече дека е најдолгата затворска казна што некогаш била изречена против некој активист. Истакна дека многу женски активистки биле подложени на нефер судења кои доведоа до произволни казни и беа подложени на „тешка тортура“, вклучително и сексуално вознемирување.
Пресудата на Шехаб е изречена само неколку недели по посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Саудиска Арабија, за која активистите за човекови права предупредија дека може да го охрабри кралството да ја засили репресијата врз дисидентите и другите продемократски активисти.