Голема трагедија го погоди Парагвај. Имено, сопругата на познатиот тамошен фудбалер Иван Торес е убиена на еден фестивал за време на концерт во неделата вечерта.
Во прашање е Кристина Вита Аранда (29), која има три деца со играчот на Олимпија од Асунсион, а која очигледно случајно била застрелана во главата и починала на пат кон болница.
Тамошните медиуми јавуваат дека Торес и неговата сопруга, како и некои други пријатели биле на музичкиот фестивал во Сан Бернардино, на кој присуствувале околу 7.000 луѓе, а Кристина во еден само момент паднала.
Се посочува и дека се повредени уште пет лица и дека најверојатно се работи за мафијашка пресметка. Односно, обид за убиство на водачот на ривалската група кој бил на споменатиот фестивал.
Торес, инаку, прв ја подигнал сопругата и навреме се обидел да ја однесе во болница, но, за жал, немало спас за Кристина, која вежбала фитнес и била личен тренер