Тоти веќе има нова девојка во Ноеми Боки, која е голема навивачка на Рома, а медиумите за оваа врска пишуваа уште пред шест месеци и наводно тоа била причината за разводот, но сега легендарниот фудбалер решил јавно да каже сѐ и за „Кориере дела Сера“ откри дека причините се неверството на неговата сопруга.
„Не е вистина дека јас бев прв неверен. Реков дека ќе молчам и дека нема ништо да зборувам и така беше, но во последно време читав многу лаги од кои некои силно ги повредија моите деца. Во животот нема бајки, има успони, има падови како и секој пар, ама потоа нешто се случи. Вистинската криза експлодира во март и април лани, откако патев долго време“, откри Тоти.
Тој почнал да се сомнева кога добил многу „информации“ за неверството на Илари со многу љубовници, а не само еден кој неодамна се посочуваше како фитнес тренер кој ѝ бил личен тренер на Блази.
„Во септември лани, почнаа до мене да доаѓаат многу шпекулации и информации и сите безмалку исти: ‘провери, Илари има некој друг!’ И не беше само еден, беа повеќе од еден. Ми делуваше нереално, невозможно, ама потоа најдов пораки. Никогаш такво нешто не сум правел, но кога почнаа блиски луѓе да ме предупредуваат, почнав сериозно да се сомневам. Потоа погледнав во нејзиниот телефон. Тогаш видов пораки од трето лице, кое беше како посредник помеѓу Илари и друг човек“, додава Тоти.
Тој додаде дека досега молчел само за да ги заштити децата, ама…
„Молчев поради децата, а патев како куче. Годинава ми рече, ќе останам подолго во Милано, поретко ќе доаѓам во Рим. И тогаш веќе почнав да верувам дека има друг, иако се надевав дека сѐ е лага и дека нема ништо вистина од тоа. Се правев како ништо да не се случува, но повеќе не бев тоа јас. Бев сосема друга личност, а се извлеков само благодарение на Ноеми“, заврши Тоти.