Популарниот хрватски актер и пејач Фрањо Ласиќ (66) повторно се оствари во улогата на татко, откако неговата сопруга Милена (35) му роди син. Гостувајќи во една емисија, тој изјави дека неговата сопруга добила коронавирус во деветтиот месец од бременоста.
„Сопругата во деветиот месец од бременоста доби корона, неколку дена пред самото породување. Наеднаш го изгуби чувството за вкус и мирис и се породи на ковид одделението. За среќа, сè помина како што треба и сега е одлично“, изјави Ласиќ.
„Пресреќен сум поради раѓањето на синот Николас. Се чувствувам како птица. Нормално, би сакале со сопругата малку повеќе да се наспиеме, но навистина не ни е тешко. Тој денес има 22 дена“, откри хрватскиот актер.