Светските медиуми го најдоа идентитето на судијката која беше удрена од првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ. Се работи за Лаура Кларк која има 56. години. На социјалните мрежи е потпишана „Жена мачка“, а пред некое време имала и семејна трагедија откако починал нејзиниот син.
Голем дел од фановите на Србинот ја напаѓаат бидејќи во 2017 кога судела на турнирот во Барселона кој го освоил Рафаел Надал била многу среќна поради победата на Шпанецот.
Покрај тенисот, таа е љубител на виното и обожува да патува.
Ова не и било прв пат да има „блиска средба“ со тениското топче. Пред неколку години еден тенисер додека сервирал ја погодил во истата. Топчето летало со брзина од 210 километри на час.
„На почетокот не знаев како треба да се движам, поради што во една прилика добив тежок удар во устата кој буквално ми беше преполовена“, признала Кларк.