Шведската компанија „Икеа“ морала да преземе драстични безбедносни мерки, откако на социјалните мрежи се рашири експлицитно видео снимено во Кина, во кое една жена мастурбира во нивната продавница.
Нецензуриното видео кое имало 9 милиони прегледи веднаш биле отстранети од кинеските социјални мрежи, но тамошните медиуми тврдат дека ова е веќе тренд во земјата и често се случува жени да мастурбираат и да се снимаат.
„Силно се противиме и го осудуваме ваквото однесување. Веднаш тоа го пријавивме во полиција во градот во кој се наоѓа нашата продавница“, соопштија од „Икеа“, притоа не откривајќи каде се случил инцидентот.
Тие најавија дека ќе ги заострат безбедносните мерки и ги замолија купувачите да се однесуваат цивилизирано во нивните продавници.