Ронгфенг, денес богат претприемач, заработувал за живот со просење. Во далечната 1993 година, кога имал само 17 години, запознал жена која се сожалила над него.
Хе Ронгфенг, денес богат 38-годишен кинески претприемач, пред неколку дена успеал да ја најде жената за која не престанал да размислува и ѝ тропнал на врата со чек вреден еден милион јуани (околу 131.000 евра).
Имено, Ронгфенг порано бил сиромашен и заработувал со просење. Во далечната 1993 година, кога имал само 17 години, ја запознал Даи Ксингфенг (45), која се сожалила над него.
Ксингфен го примила со уште двајца питачи во нејзиниот дом и го нахранила, а потоа го испратила низ светот со порака што никогаш не ја заборавил.
„Нѐ хранеше, ни дозволи да преноќиме кај неа, па наутро ни даде повеќе пари за билети за воз. Да не беше таму пред 21 година, јас немаше да бидам каде што сум денес. Тоа вечерта ни рече: „Не е срам да се биде сиромашен и рече дека секогаш треба да се стремиме да бидеме добри луѓе“, рече Ронгфенг, кој ја нашол Ксингфенг, сопственичка на продавница за тестенини, во Тајџоу.
Ксингфенг, трогната од самиот факт што Ронфгенг се сеќава на неа, го одбила чекот, велејќи дека не му помогнала да го направи вреден, туку се согласила да и подари постер на кој тајкунот напишал: Мојата благодарност е тешка како планина.