Жена во топлес се обиде да јава изгубен делфин кој настојувал да го најде патот до морето во Холандија.
Делфинот се насукал во плиткото на плажата во крајбрежниот град Зандворт, западно од Амстердам, јави RTL News, а пренесува Newsweek.
Посетителите на плажа се обиделе да му помогнат на животното, но наместо тоа една жена се обидела да го јава.
На видеото објавено на Твитер се гледа како делфинот се обидува да плива назад кон отворено море. Сепак, жената може да се види како го држи. Таа потоа продолжува да ја замавнува ногата околу него, обидувајќи се да го јава како коњ.
Gestoorde walvisachtige vrouw klimt in Zandvoort op spitssnuitdolfijn, terwijl de dolfijn eerder door anderen teruggeduwd werd in de zee. Het dier had daar door kunnen overlijden. pic.twitter.com/AN4Z3twHkB
— MyCupsOfCoffee (@Mycupsofcoffee) July 21, 2022
Откако видеото се појавило на социјалните мрежи, жената сама се пријавила во полиција, пренесе RTL News.
Полицијата отворила истрага и соопшти дека ќе стапи во контакт со жената за да добие подетални информации за случката.
Организацијата за спасување на морски цицачи, СОС Долфијн, за РТЛ изјави дека фактот што делфинот се наоѓа во оваа област е „многу вознемирувачки“. -Тоа се китови со заби и не припаѓаат на Северното Море. Тоа се длабокоморски животни, објави организацијата, пренесува RTL News.