Иако шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров вчера ги демантираше сите наводи дека Путин е болен, гласините за лошата здравствена состојба на рускиот претседател продолжуваат да кружат, а се повеќе се прогнозира кој би можел да го наследи најмоќниот човек во Русија. Според некои, тоа конечно би можело да биде жена.
Британските медиуми јавуваат дека Путин размислува во Парламентот да ја донесе помалата ќерка Катарина Тихонова (35), бидејќи наводно му се влошила здравствената состојба.
Катерина Тихонова би можела да стане нов лидер на Единствена Русија, главната политичка партија што владее со земјата. Ова тврдење е објавено на Телеграм на профилот на General SVR, кој објавува наводни разузнавачки извори од блискиот круг на Путин. Токму на овој канал неколкупати се наведува дека Путин има здравствени проблеми, па дури и рак, Паркинсонова болест и шизофренија.
Тихонова е помладата ќерка на Путин, која ја добил со поранешната сопруга Људмила додека сè уште работел во КГБ. Јавноста многу малку знае за неа и нејзината сестра Марија.
– Внатрешниот круг на Путин повторно почна да зборува за потребата од консензус во раководството на Единствена Русија, кој би ги обединил и гарантирал сегашната статус кво и континуитет на моќта – наведува контроверзниот канал кој тврди дека авторот е протеран генерал-полковник од Кремљ, познат како Виктор Михајлович.
Тие тврдат дека повторно активно се разговара за кандидатурата на ќерката на Путин за функцијата шеф на партијата Единствена Русија.
– Морам да кажам дека во последно време, без исклучок, сите од опкружувањето на Путин ја поддржуваат оваа идеја – пишува на споменатиот канал.
Се додава дека кога оваа идеја беше претставена минатата година, немаше едногласно одобрение, но сега ситуацијата наводно драстично се променила.
– Војната што трае со месеци создаде предуслови за тоа – се наведува.
Понатаму се тврди дека ако Путин одеднаш нема можност да ја врши својата функција, власта ќе му припадне на Николај Патрушев (70), секретарот на рускиот Совет за безбедност, а не на технократскиот премиер Михаил Мишустин (56) , кој треба да ја преземе власта според Уставот. Но, сега се тврди и дека следен претседател би можел да биде синот на Патрушев, Дмитриј (44), актуелен министер за земјоделство, а Тихонова, кој моментално не е во парламентот, „ќе ги повлече сите конци од сенка“.
– Денеска Путин е единствениот гарант за стабилноста на системот, а тоа во услови на војна и циркулирање на информации за тешките болести на претседателот почнува да предизвикува големи немири кај елитата. Според тесен круг луѓе блиски до Путин, Катерина Тихонова е единствената личност која може да дејствува како гарант за стабилноста на режимот на Путин, без да биде директен наследник.
Доколку таа е на чело на партијата и всушност раководи со Државната дума и Советот на Федерацијата, Тихонова ќе биде рамнотежа на претседателот – пишува во соопштението, а пренесува „Телегаф“.
– Генерално, Путин го поддржува системот во кој Дмитриј Патрушев е претседател, а Катерина Тихонова е господарка на системот на власт. Наскоро ќе видиме како ќе се имплементира оваа опција. Претседателот нема да може да ги одложи ваквите одлуки – се заклучува во соопштението на каналот Телеграм.
Официјална Москва се уште не се огласи по овој повод, а Путин постојано ги отфрли обвинувањата за лоша здравствена состојба со појавување во јавноста.