Дежурната критичарка на социјалните мрежи на состојбите во државата и аномалиите на системот, Ина „Многуфина“ на својата многу посетувана и исклучително читана Фејсбук страница, ја подбра бившата министерка Нина Ангеловски, сега одново онлајн бизнисменка.
“Какво непочитување, локал профитерството на максимум…жената што не претстави на Оскари да гледа на кафе на рандом екскурзии…лешинари!“ напиша Ина “Многуфина“.
Инаку, откако оскаровската хероина Атиџе Муратова јавно преку медиумите се обрати за помош и заштита на најзиниот животот од нападите, малтретирањата и заканите на нејзиниот најблизок роднина, во Македонија од неодамна почнаа да се организира туристичка тура наречена „На патот на Атиџе Муратова“. Во прашање е организирана пешачка тура до домот на Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот ,,Медена земја”, од селото Дорфулија, до селото Бекрилија, каде пчеларката ги пречекува гостите со кафе, а се реализира преку туристичката агенција ,,Enjoy Balkans”.