Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон во моментот ужива на одмор во Мексико во друштво на децата и мајката Герда, а папараците не ја пропуштиja можноста да ја забележат актерката како шета на плажа и ужива во капењето во костим за капење.
Славната оскаровка изгледала одлично во едноделниот жолт костим за капење кој го истакнал нејзиното прекрасно деколте, витата фигура, но и предолгите нозе за кои велат дека се „најдобрите во Холивуд“.
Убавата 46-годишна актерка навистина изгледа одлично, а воедно и сосема природно, па вистинско освежување е да се види нормална, природна жена, со по некоја ситна мана, а сепак толку згодна!
Шарлиз го покажала и лицето без шминка, а иако имала очила за сонце, јасно е дека оваа дама е вистинска убавица и без никакво подготвување и во сосема лежерен аутфит.
Публиката е воодушевена, барем онаа на Интернет, а реакциите се неверојатни. „Леле, тоа е сè што можам да кажам“, „Таа е убава, отсекогаш била“, „Жената изгледа шармантно“, „Таа е секси и харизматична“, „Изгледа како да има стомак, но затоа е совршена за мене . Таа е нормална.“, „Изгледа несовршено и освежува да се види“, „Совршена е само затоа што не е совршена“, се само некои од многуте коментари.