Познатата бразилска манекенка Изабел Гулар секој ден се грижи за своето тело и не постои ниту еден ден кога ја прескокнува правилната исхрана и вежбањето. Оваа бразилска манекенка за да изгледа толку добро ги прави следните работи:
1. Секое утро прво пие зелен сок, а потоа во текот на денот пие многу вода. На секои 15 дена ги менува рецептите за смути, а тие рецепти се полни со свежо овошје и зеленчук. Редовно пие протеински шејкови, особено после напорен тренинг.
2. Никогаш не е на диета. Таа не следи одреден режим на исхрана, само се придржува до здравиот начин на живот. Кај неа нема залажување кога станува збор за исхраната. Изабел нема да јаде сладолед или колачи затоа што знае дека тоа е штетно за нејзиното тело.
3. Изабел сака да готви и секој ден јаде балансирани, готвени оброци кои телото ѝ ги поднесува. Се труди да готви разновидна храна за да ужива во сите нутриенти и витамини. Лебот сака да го јаде, но сама го пече. Никогаш нема да јаде бел леб туку вообичаено го прави оној со интегрално брашно.