Откако судот во Стразбург донесе одлука со која утврди дека на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му било повредено правото на слобода, на фејсбук се огласи и неговата сопруга, Сања Јанакиески.
„Тешко е само да се изгледа ова видео од 5 минути, а камоли сето тоа да се преживее! Но, за среќа секогаш правдата победува и вистината излегува на виделина. Господ дава сила на праведните и храбрите! Велат големите луѓе имаат големи искушенија…па љубов моја не застанувај, продолжи да чекориш една нога пред друга, барај сила во себе, слушај го гласот во тебе кој те води напред како и досега, знам дека ќе успееш и ќе победиш, ќе победиме. Не застанувај и бори се за правдата зашто ја заслужуваш ти, ја заслужуваат твоите синови!“ напиша таа на фејсбук.