Хавиер Бардем и Пенелопе Круз беа почесни гости на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.
Холивудскиот пар, кој е во брак од 2010 година, зрачеше со елеганција и љубов на црвениот тепих на свеченото отворање на манифестацијата во театарот „Kursaal“.
На свеченоста, Бардем се закити со награда за животно дело, а во својот говор ѝ се заблагодари на Пенелопе за поддршката и грижата во заедничкиот живот.
„До жената која ја сакам и со која го делам животот. Сакам да ти се заблагодарам за она што си и што преземаш одговорност за животот, за животот на твоите деца, за животот на твоето семејство, на твојата мајка, на твоите пријатели, за животот на другите, многуте луѓе за кои не знаеш дека страдаш и за кои се грижиш и секако за животот на овој господин тука, кој те сака и ти се заблагодарува многу за тоа“ – рече Хавиер со треперлив глас.
Пенелопе не можеше да си ги задржи солзите. Таа носеше креација од Шанел.