Жена од Данска (60) која што починала од тромб откако ја примила вакцината на „АстраЗенека“, имала необични симптоми, соопштиле од Данската медицинска агенција (DMA).
Жената имала ниско ниво на тромбоцити во крвта и грутки во малите и големите крвни садови, како и крварење, пренесува „Ројтерс“.
Неколку слични случаи биле регистрирани и во Норвешка, како и во базата на нуспојави на „АстраЗенека“, навеле од DMA.
„Текот на болеста беше необичен, поради што реагираа и од DMA“, пишува во соопштението.
Инаку, Италија, Данска, Австрија, Естонија, Литванија и Луксембург ја суспендирале вакцинацијата со оксфордската вакцина. Нив им се придружија и Бугарија, Норвешка, Исланд, Холандија и Ирска.