Глумецот Жарко Лаушевиќ откри дека во Америка работел и како молер. Тој во тоа време во САД се гледал со НБА кошаркарите Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ.
„ Еднаш со Владе и Пеѓа се “тепавме“ кој да ја плати сметката. Пиевме некое скапо вино кое чинеше не знам колку. Утредента, јас целиот мамурен отидов на работа да молерисувам. Дневницата ми беше 80 долари, а сметката во ресторанот беше неколку пата повеќе“, раскажа црногорскиот актер.
Инаку, во 1993 година, тој и неговиот постар брат Бранимир, беа нападнати од група на хулигани во близина на еден клуб во Подгорица. Тогаш Лаушевиќ со пиштол уби двајца од напаѓачите, а тешко рани еден од нив. Осуден беше на 15 години затвор, од која издржа четири ипол години, дел во Србија, дел во Црна Гора. Откако Сојузниот суд ја укина пресудата во 1998 година, тој ја напушти Црна Гора и се пресели во Њујорк.
(Фото: Глориа.рс)