Клиниката „Жан Митрев“ ја поддржува иницијатавата на Владата за ставање на приватните капацитети на располагање во лекувањето на пациенти со Ковид-19.
– Јас од своја страна ја поддржувам секоја иницијатива за ставање на сите расположливи капацитети на располагање. Уште од самиот почеток на пандемијата во месец март, ние понудивме 40 болнички кревети за интензивна нега за потребите на државата. Во меѓувреме, ситуацијата со бројот на ковид-пациенти ескалираше. Свесни сме дека состојбата е тешка и со месеци наназад, како во јавното здравство така и кај нас, имаме огромен притисок од пациенти. Нема слободен кревет и има листа на чекање, која секојдневно се зголемува, -вели д.р Жан Митрев.
Тој потенцира дека работат со полн капацитет и оти персоналот им е веќе преморен, а дел и во изолација.
– Моментално 80 кревети се пополнети и имаме над 30 пациенти, кои чекаат да добијат слободен кревет. Како се отпуштаат оздравените на дневно ниво, така се пополнуваат сите кревети. Бидејќи ситуацијата е навистина сериозна, јас и целиот свој тим се ставаме на располагање да помогнеме со нашето знаење и искуство, кое го имаме од третирање на најтешките форми на инфекциите од Ковид-19, – вели д-р Митрев.
Тој додава дека околу разработка на дополнителни детали стојат на располагање и очекуваат понатамошни насоки од надлежните