По седумчасовниот пад на пристапот и конечното опоравување, Фејсбук им порача на корисниците – Извинете!
„На огромната заедница луѓе и бизниси низ целиот свет кои се потпираат на нас: Жал ни е“, порачуваат од компанијата.
„Работевме напорно за да го обновиме пристапот до нашите апликации и услуги и сме среќни што можеме да кажеме дека тие се повторно онлајн. Ви благодариме што го издржавте ова со нас“, наведуваат од таму.
И досега социјалните мрежи „паѓаа“, но тие никогаш не биле вон функција повеќе од четири часа.
Интересно е и тоа што ова се случува само еден ден откако Френсис Хоген, свиркач од Фејсбук, во интервју откри дека оваа социјална мрежа дава предност на профитот во однос на јавното добро. Таа ги поткрепи своите тврдења со повеќе од десет илјади страници внатрешни истражувања и документи.
Френсис е 37-годишна, кој работела како менаџер на производството во Фејсбук. Таа се занимавала со прашања за интегритет во компанијата. Таа вели дека документите покажуваат дека Фејсбук бил информиран дека неговите платформи се користат за ширење омраза, насилство и дезинформации, но дека компанијата никогаш не реагирала, туку ги прикрила доказите, објави вчера Си-Ен-Е