Скопскиот градоначалник Петре Шилегов му одговори на лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев:
“Споменикот на Децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија е подигнат во 1989 година и е авторско дело на познатата македонска архитектка Даница Павловска – Циги, а по повод одбележувањето на 40 годишнината од егзодусот на Македонците (и трагичната судбина на децата, разделени од своите родители), која во 1989 година се одржала во Скопје.
Циги (како и јас) по потекло е од Егејска Македонија. (Или бар дел од нејзиното семејство).
Некаде во 2012 година, еден неофашиста, тогашен пратеник, неовластено, на задниот дел од споменикот лепи плоча, со што го скрнави ова свето и оригинално дело на Даница Павловска.
Од како сум градоначалник, Циги го доби највисокото градско признание. 13 Ноемвриската награда. За животно дело, меѓу кои е и ова, значајно обележје за дел од македонскиот народ.
Еве сега, во 2020 година, еден друг неофашиста, кој како и првиот е моментално пратеник (а попатно и се обидува да биде фб фраер), ме прозива за враќање на диво поставената плоча. При тоа ме прозива како “пијандура непрокопсана”.
Почитуван Аспасиев, Вашите зборови повеќе кажуваат за Вас отколку за мене. Нема да паднам на Вашето ниво на комуникација.
Почитуван, за разлика од Вас, јас имав среќно детство и добро домашно воспитување.
Жал ми е што сте толку несреќен и исфурстиран. Се надевам дека некогаш во Вашиот живот ќе ја пронајдете својата среќа. Искрено се надевам дека таа Ваша среќа нема да се обидете да ја пронајдете на сметка на несреќа на македонскиот народ. А за жал, натаму сте појдени.
При тоа, треба да знаете, дека на крај, пак ќе останете несреќни. И Вие и луѓето околу Вас.
Убеден сум дека тој пат нема да го следи и македонскиот народ. Затоа што мудар е нашиот народ и добро знае: од “циркузанти”, кои личат дека се атрактивни, патат сите балкански народи. Македонскиот (во својата историја), за жал, пател најмногу …
Таа грешка, нема да дозволиме да се повтори. Ви ветувам.
Искрено Ваш (прокопсан или непрокопсан), како милувате, така нека биде“, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Скопје.