Е ТОА Е ЛЕГЕНДА: Кирк Даглас наполни 103 години (ФОТО)

by Тони Зографски

Легендата на светската кинаматографија, глумецот Кирк Даглас денеска наполни 103 години, По тој повод во фамилијарната куќа на семејството Даглас имаше роденденска забава, а атмосферата ја пренесе неговиот внук, синот на Мајкл Даглас, Камерон Даглас со фотки на Инстаграм.

-Среќен роденден “чале“… Ти си подарок на овој свет, светлост која ме води и моја инспирација. Те сакам – напиша Камерон кој на својот Инстаграм профил постави три фотографии.

На првата тој позира со дедому. На втората се наоѓа тортата која е вистински хит бидејќи на неа се фрагменти од филмот “Спартак“ кој го прослави Кирк Даглас. На тортата се наоѓа шлем и гладијаторски мач.

Третата е групна фотка на која се наоѓаат Кирк и членовите на неговото семејство, сопругата Ен, внукот Камерон и пријателите на семјството Даглас. На сликата ги нема Мајкл Даглас и неговата сопруга Кетрин Зита Џонс кои во моментов се со обврски во Њу Делхи, Индија.

Фотографиите можета да ги видите со листање на фотката со стрелката од десна страна/

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com