Познатиот холивудски актер, Ештон Кучер и неговиот брат близнак Мајкл го дадоа првото заедничко интервју за Парамаунт Плус во емисијата “The Checkup with Dr. David Agus”.
Ештон бил исклучително емотивен додека во новото интервју разговарал за здравстевните борби на братот близнак Мајкл кој има церебрална парализа, како и за сопствените здравствени проблеми со васкулитисот.
„Си размислувам во себе: ако некој е соодветен донатор, тоа сум јас. Тогаш почнуваш да минуваш низ овие мисли во главата: Овој балкон изгледа доволно високо“, се присетил Качер во новата документарна серија „Проверка со Др. Дејвид Агус“.
„Мислам дека моментот кога застанав на балконот и реков: Јас сум соодветен донатор, веројатно беше токму моментот кога се случи промената, каде што помислив: како да ја имам оваа среќа, а брат ми да се роди со церебрална парализа и му треба трансплантација на срце?” додаде актерот.
Мајкл на крајот успеал да најде донатор и сега работи како мотивациски говорник кој често учествува на различни состаноци.
Качер споделил и неколку зборови за сопствената битка со васкулитис. Тој се присетил на неколку ситуации кога поради болест не можел да слуша, да гледа или да оди.
„Ја имав оваа чудна, супер ретка форма на васкулитис, која ми го уништи видот, ми го уништи слухот, ми ја наруши рамнотежата“, изјавил актерот.