Најпознатата плус-сајз манекенка, Ешли Греам која што се породи неодамна со своето прво дете, не престанува да ја воодушевува јавноста со своите фотографии. Откако пред некој ден сподели фотографија на која што го дои својот син во јавност, Ешли денеска на својот Инстаграм профил објави фотка на која ги покажа стриите што ѝ се појавиле уште во текот на бременоста, а кои станале поизразени откако се породи.
Како што истакнала, таа и понатаму е иста, но нејзиното тело раскажало нова приказна со која се согласиле многу дами кои ја следат.
„Прекрасна карта од добро пропатуван живот“, заклучила една од нив.
„Апсолутно воодушевувачки“, се согласила друга.
Инаку, фотографијата досега собра повеќе од 1,3 милиони лајкови и повеќе од 16 илјади коментари.