– Урсула фон дер Лајен заработува 350.000 евра, годинава 30.000 евра повеќе поради корекции на инфлацијата: вкупно 380.000 евра. Италијански работник во просек заработува 1200 евра месечно, пензионер 800 евра, а социјалната помош е 450 евра. ЕУ мора да се распадне, таа е нашиот вистински непријател – се наведува во објавата која има голем број на акции за само неколку часа.
Да потсетиме, ситуацијата во Италија не е нималку наивна, бидејќи сметките за струја и гас драстично се зголемени.
Цените почнаа да се зголемуваат минатата есен, а денес сметките се три до пет пати повисоки од пред една година. На рестораните и другите угостителски објекти им остануваат само две опции – затворање или драстично зголемување на цените.
Колку се драстични поскапувањата на струјата и гасот, сведочат огромните сметки со кои се соочуваат граѓаните, угостителските објекти и сите други комерцијални активности.
– Сметките за годинава во комерцијалниот сектор изнесуваат 33 милијарди евра, додека лани биле 11 милијарди. Ова влијае на услужните дејности кои во година на пандемија ги поништи приходите и нивото на вработеност. Многумина затворија или преземаа дополнителни долгови. Бараме интервенција од Владата кога станува збор за јавниот придонес, кој сега е 15 проценти – додека поскапувањето на енергијата надмина 30 проценти – изјави претседателот на Конфедерацијата на компании и угостителство за Ломбардија, Лино Стопани.
Според него, цената мора да се зголеми бидејќи во спротивно не може вака да се продолжи, загуби ќе претрпат сите комерцијални дејности.