Генералниот директор на државната корпорација „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин им предложи на земјите од Европската унија да ја купат и испијат целата руска вотка за да не може Русија да заработи од неа.
Рогозин направи алузија на изјавата на шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која рече дека ЕУ мора да купува нафта од Русија, бидејќи во спротивно Москва ќе ја пренасочи на други пазари, а рускиот претседател Владимир Путин „ќе заработи уште повеќе“.
– Следниот чекор на оваа мудра бриселска утка ќе биде предлог да се испие целата руска вотка, за рускиот претседател Владимир Путин да не може да заработи уште повеќе на неа, напиша Рогозин на Телеграма.