Арапскиот шеик Талиб бин Сакр Ал-Касими престојува во четиридневна посета на Дервента, град во северна Босна и Херцеговина, а неговата посета на локалното население предизвика толку многу еуфорија за што ќе се зборува наредните денови.
Според „Вечерње новости“, Шеик на децата им давал мобилни телефони и златни часовници додека шетале по улиците, а им дал на бабите и дедовците во старечки дом по 50 евра. Медиумите пишуваат и дека жителите излеголе на улиците во работна облека, а кога нивните деца биле предупредувани дека дојде владетелот на еден од седумте емирати, тие брзо се пресоблекле во празнична облека.
„Дервента не се сеќава дека таков гостин, а особено шеик, ја расположи нашата заедница со ваква извонредна едноставност, непосредност и широко срце. На секое дете со кое се запозна, му ја бакна главата и ги бакнуваше корисниците на Домот за стари лица и исто така ги почести “, изјави Бранислав Ноновиќ, сопственик на хотелот каде престојувал шеикот.
Иако на почетокот граѓаните не се чувствувале пријатно поради толку подароци, шеикот порачал дека би било грев тоа да не го направи, кога веќе има можност да усреќи некого.
Освен што уживал во убавините на градот, шеиКот најавил дека во иднина во Дервента планира да донесе и некои арапски инвеститори.