Речиси никој од македонските пејачи нема договорен настап за Нова година. Калиопи, Каролина, Елена Ристеска, Дани, Лозано… Новата година ќе ја поминат без ангажман, што не било пракса и претходно. Скопје, Прилеп и Битола се малкуте градови кои годинава организираат новогодишни прослави. Освен “Парни ваљак” во Скопје ќе свири и еден косовски панк бенд, на плоштадот Македонија. Во Прилеп, на плоштадот ќе пее Нино Величковски со неговите тамбураши. “Силви бенд” се едни од ретките кои се ангажирани за новогодишната ноќ, тие ќе пеат на Плоштадот Магнолија во Битола.
Ова е дефинитивно најнеплодна година за домашната естрада за Нова година. Дел од пејачите, си фатија “тезги” преку големите фирми на предновогодишните забави.