Дел од македонската естрада се пресели во Македонската опера и балет. Државната институција им нуди сигурна работа и плата, па затоа дел од нашите пејачи работат во МОБ.
Во хорот на операта, облечени во костуми во кои тешко можат да се препознаат се Лидија Кочовска, Маја Гроздановска- Панчева и Маријан Стојановски. Тројцата пејачи кои до пред некоја година се среќаваа на фестивалите, сега ја делат оперската сцена. Со скоро, колешка им беше и Елена Петреска.
Како солист во операта настапува Наде Талевска-Спасовска, која исто така се повлече од домашните фестивали и изјави дека нема да се враќа затоа што не е доволно ценета. Таа е еден од најдобрите сопрани на оперската сцена со повеќе главни улоги.
Андријана Јаневска, веќе долги години е виолинист во оркестарот на МОБ.